Во земјава нема активни пожари, вчера се изгаснати 12, информира ЦУК

Во земјава нема активни пожари откако 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштија од ЦУК, изгаснати се два пожара во општина Бутел и еден во општина Гази Баба. Десет пожарникари со три противпожарни возила синоќа од 18:05 до 21:00 часот го гаснеле пожарот на булевар „Христијан Тодоровски – Карпош“" – Раштански лозја, каде што гореше сува трева.

Пет пожарникари со едно противпожарно возило синоќа од 19:20 до 19:40 часот го гаснеле пожарот во општина Бутел, на улица „Ферид Бајрам“, каде горела сува трева.

Изгаснат е пожарот во близина на автопат Скопје-Велес, каде гореше сува трева и дрва. На оваа локација интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило од 21:50 до 22:50 часот.

ЦУК утрово информира дека се изгаснати пожарите во општините Градско, Ресен, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово и два пожара во Куманово.

Во општина Градско, во село Ногаевци горела ниска вегетација, шавар, багрем, и јасика. Пожарот е изгаснат од пет пожарникари со едно противпожарно возило, во период од 14:00 од 18:15 часот.

Во село Курбиново, Ресен горела ниска вегетација и јаболкови насади. Интевенирале 15 пожарникари од ТППЕ Ресен со пет противпожарни возила, едно возило за дотур на вода од комунално претпријатие, едно возило и осум вработени од Национални шуми, едно возило и четворица ренџери од Ренџерска служба, едно возило и двајца вработени од Национален парк – Пелистер, едно возило и еден вработен од општина Ресен и месното население. Се интевенирало синоќа, од 20:45 до 00:45 часот. Се работи за површина од десет хектари.

Изгаснат е пожарот во Битола, кај стариот млин на патот Битола – Прилеп, каде гореше стрниште. Пожарот го гаснеле двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

ЦУК информира дека се изгаснати и пожарите во село Горно Агларци-општина Новаци, во село Варош-општина Прилеп, во село Пештани-општина Охрид.

Изгаснат е пожарот во Тетово, кај селата Беловиште кон Куново, каде горела сува трева. Интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени од Национални шуми – Шар.

Во близина на автопатот Скопје – Куманово горела ниска вегетација, а од 19:20 до 20:25 часот интервенирале тројца пожарникари со едно протвпожарно возило.

Изгаснат е пожарот во Куманово, кај Пчински пат, каде горела сува трева. Од 14:10 до 16:00 часот интервенирале тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе