Според извештајот на ОН

Во Тетово најкатастрофална загаденост од катастрофалниот Западен Балкан

Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15% од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19%.

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града на Западен Балкан, велат првичните резултати од извештај изработен од Програмата на ОН за животна средина.

Првичните наоди од извештајот „Загаденоста на воздухот и здравјето на луѓето: случајот Западен Балкан“ покажуваат дека вкупниот број предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите е речиси 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15% од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19%.

За извештајот биле анализирани податоци од Корча, Бања Лука, Брод, Приједор, Сараево, Тузла, Зеница, Бар, Никшиќ, Плевља, Подгорица, Тиват, Битола, Скопје, Тетово, Белград, Панчево.

Конкретно за Македонија во извештајот се вели дека системот за мониторинг на квалитетот на амбиенталниот воздух се состои од 17 фиксни мониторинг-станици (Битола-1, Битола-2, Кичево, Лазарополе, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Куманово, Струмица и Скопје). Една мобилна станица се наоѓа во Скопје и обезбедува дополнителни резултати од мониторингот.

„Во Северна Македонија, енергетската индустрија (производство на електрична енергија и топлина - ТЕ Битола и Осломеј) е одговорна за скоро сите емисии на SO2 (91 процент). Производствениот сектор придонесува за 11 проценти од вкупните емисии. Главните извори на емисии на азотни оксиди се транспортната и енергетската индустрија (производство на електрична енергија и топлина), кои придонесуваат со 31% и 41% во вкупните национални емисии, додека производствениот сектор учествува со 20 отсто. Главните извори од емисиите на ПМ10 во Северна Македонија се греењето на станбени објекти (46 проценти), индустриските процеси (главно производство на феролегури) (22 проценти) и производството на енергија (11 проценти) - Скопје, Тетово, Битола и Велес. Слично на тоа, главни извори на емисии на ПМ2,5 се греењето на станбените објекти (58 проценти), индустриските процеси (главно производство на феролегури) (20 проценти) и производството на енергија (6 проценти) (МЖСПП, 2008).“

Процентот на вкупната смртност од природни причини што се припишуваат на загадувачите на воздухот во западнобалканските градови варира од 4 проценти во Бар и Тиват до 19 проценти во Тетово, вели извештајот.

„Во Тетово, само ПМ2,5 се одговорни за над 14 отсто од сите умирања.“

Во сите анализирани градови, скоро 130.000 години потенцијален живот се изгубени во период од 10 години поради прераната смртност што може да се припише на изложеноста на загаден воздух. Во просек, 20 проценти од годините загубен живот се јавуваат поради смрт на возраст под 65 години. Овој удел се движи од 15 проценти во Приједор, Ужице и Ваљево до 23 проценти во Битола и Тетово.

„Најголем предизвик за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија е темпото на нивната интеграција во Европската Унија“, вели извештајот. „Економските и индустриските структури во регионот се надградени; сега мора да бидат значително подобрени политиките за контрола на загадувањето на воздухот“.

Главни извори на емисиите на честички се термоцентралите што користат нискоквалитетен лигнитен јаглен и греењето во домаќинствата. Повеќе од 60 отсто од луѓето што живеат на Западен Балкан користат цврсти горива како што се јаглен и огревно дрво за да ги загреат своите домови, а само 12 проценти од зградите се поврзани со системите за централно греење.

Ефектот на загадувањето на воздухот врз човековото здравје бил пресметан со помош на софтверот Ер кју+ (AirQ+), развиен од Светската здравствена организација. Се проценува дека бројот на умирањата би бил многу поголем кога сите релевантни податоци би биле достапни за анализа.

ПМ10 се честички со дијаметар од 10 микрометри или помалку, додека ПМ2,5 се 2,5 микрометри или помалку. Човечкото влакно има дијаметар од околу 100 микрометри.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе