Во Тетово и годинава проблеми со водата, есенва ја има, ама со чуден вкус и мирис

Како последица на врнежите од дожд, водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и ги известуваме граѓаните дека работата на станицата за филтрирање е запрена. Ова го соопштија вчера од општинското јавно претпријатие ЈКП „Тетово“. Но, ова не е прв пат. Секоја година во текот на месец октомври во Тетово, покрај што е матна, водата за пиење има чуден мирис и вкус.

Овој проблем е присутен од 2017 година, по пуштање во употреба на новиот водоводен систем. Од Центарот за јавно здравје во Тетово велат дека нема потреба од паника бидејќи анализите покажуваат дека водата е исправна за пиење. Но, Општината нема одговор дали ќе има решение за овој проблем кој со години ги мачи жителите, пишува Порталб.мк.

Зошто се случува ова?

Тетово користи две водоводни мрежи-системи. Во текот на есента и зимата се снабдува од новата водоводна мрежа, онаа на Лешница, а пак во пролет и лето од онаа на Попова Шапка, акумулациите на Шар Планина или по познати како старите извори.

Системот на Лешница е отворен систем, што значи дека ја собира површинската вода и ја внесува во системот, а тој на старите извори е затворен.

Градот има недостиг на вода, затоа кога акумулациите на Шар Планина не обезбедуваат доволно вода, преку станицата за филтрирање која е пуштена во употреба во 2017 година, се обезбедуваат дополнителни количини вода.

Водата што се зема од Лешница не е од затворен извор, туку површинска вода која се зема од реката. Таа поминува низ неколку фази, се филтрира низ филтрационата станица и се пренесува во градската водоводна мрежа.

Иако е планирано филтрационата станица да се става во функција од декември до март, кога таму нема веќе да се движат луѓето, животните и вегетацијата, тоа не се случува, и поради недостигот на вода таа станица е во употреба преку цела година.

Така, во текот на есента кога лисјата скапуваат и паѓаат во изворот на вода, доаѓа до промена на вкусот, мирисот и бојата на водата. Оваа појава во Тетово е присутна од 2017 година. Последните неколку дена пак дојде до промена на вкусот и мирисот на водата, за што реагираа и граѓаните.

Дали е сигурна водата за пиење?

Иако има мирис и боја, анализите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажуваат дека водата е безбедна за пиење. Од ЦЈЗ секојдневно го проверуваат квалитетот на водата од градскиот водовод.

Доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Тетово за Порталб.мк наведува дека секаде во светот каде што се користи површинската вода, се случува ваква промена на мирисот и вкусот.

Но, тој појаснува дека и покрај овие промени, граѓаните не треба паничат, бидејќи резултатите од ЦЈЗ покажуваат дека водата може да се употреби за пиење.

„Бактериолошките и физичко-хемиските анализи се добри. И резултатите на мострите кои ги испративме за анализа во Скопје се добри. Мирисот и вкусот се субјективни категории. Ова е шеста година што се соочуваме со една ваква појава во овој период, во октомври, и која завршува точно во декември“, рече Давидовски.

Според него оваа појава може да се надмине со дополнително хлорирање на водата.

Што велат амбиенталистите?

Од еколошката организација „Еко Герила“ за Порталб.мк велат дека проблемите со водата за пиење во Тетово немаат крај, тие од година во година се наследуваат без никаков епилог со долгорочни и одржливи решенија.

Тие потенцираат дека секоја есен граѓаните се соочуваат со проблемот со водата која има чуден мирис и боја, а надлежните органи појаснуваат дека тоа се случува поради лисјата кои ги загадуваат изворите.

„Пред две години Државниот инспекторат за животна средина од ЈКП „Тетово“ побарал да оградат една од водните каптажи на локацијата Лешница, за да се спречи загадување од страна на животните, од луѓето или од други фактори. До ден денес ние не знаеме дали оваа одлука на инспекторатот е спроведена и колку влијае тоа на квалитетот на водата за пиење“, велат од „Еко герила“.

Што е решение за овој проблем?

Како што објаснува доктор Давидовски, во светот ваков проблем се решава со озонирање или преку контрола со активен јаглен.

„Има две решенија, водоводната мрежа да се пушта во употреба по 15 декември и да се користат филтри со активен јаглен што го елиминираат и најнепријатниот мирис и вкус. Има методи, сè е испланирано, ние само мораме да ги користиме истите“, рече Давидовски.

Зошто тоа не е направено до сега, иако оваа мрежа е пуштена во употреба од 2016 година, Давидовски вели дека тие како ЦЈЗ секоја година даваат свои препораки.

„Можеби од финансиски причини, можеби е скапа работа, не сакам да навлегувам во тој дел“, рече Давидовски.

Што велат надлежните?

Од ЈКП „Тетово“ пред неколку дена кога водата токму во оваа водоводна мрежа се помати, рекоа дека проблемот е во тоа што производството од старите извори е мало, истите од година во година произведуваат сè помалку, и поради глобалното затоплување сега тоа станува и проблем.

„Мораме да најдеме алтернативни извори, затоа Лешница стана алтернативен извор. За оваа форма на зголемување на капацитетот на водата треба да се размислува во иднина, но и граѓаните не треба да ја злоупотребуваат водата“, велат од ЈКП „Тетово“.

Прашавме во Општина Тетово околу тоа дали имаат план за решавање на овој проблем и дали се планира некоја активност во оваа насока, но не добивме одговор.

Што вети Касами за водата во Тетово пред да стане градоначалник?

Касами во рече дека како Движење Беса овие четири години приоритет над приоритетите ќе им биде еднаш засекогаш да го решат оваа прашање.

„Затоа се нафативме да направиме и еден детален план како да се реши прашањето за водата за пиење, имаме ангажирано експерти од областа кои нè информираа дека за да се реши еднаш засекогаш прашањето за водата за пиење во Тетово потребна е една инвестиција во дистрибутивната мрежа,  односно инвестиција од околу 14 милиони евра, од кои 4 милиони и 300 илјади евра за примарната мрежа, околу 8 милиони за секундарната мрежа и околу 500 илјади евра за водомерите кои Тетово моментално ги нема, а поради амортизираната дистрибутивна мрежа Тетово има над 50% губиток од водата во мрежата. За четири години Тетово ќе има вода за пиење. Во првите шест месеци по добивањето на мандатот, ние како Движење Беса ќе ја обезбедиме целата околина од каде што се собира вода за пиење за Тетово и тетовчани еднаш засекогаш ќе имаат безбедна вода бидејќи од таа вода живееме“, рече Билал Касами на 14 октомври 2021 година.

Во неговата предизборна програма 2021-2025 за управување со Тетово, во делот за урбанизацијата Касами вети нова водоводна и канализациона мрежа.

Инаку, тетовската водоводна мрежа моментално снабдува со околу 300 литри вода во секунда, од кои 200 од старите извори – затворените извори и 100 литри од новиот водовод кој прима вода од реката во близина на Лешница.

До промена на вкусот, мирисот и бојата на водата доаѓа секоја година во текот на месец октомври, поради причините кои ги образложивме погоре. Граѓаните ќе продолжат да се соочуваат со оваа појава сè додека надлежните не изнајдат долгорочно решение за овој проблем. При врнежи на дожд може да се случи да се замати и водата од новиот систем, и поради тоа да има рестрикции за вода.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе