Во Скопската котлина во текот на ноќта врнежите ќе престанат и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Преодно стабилизирање на времето се очекува во четврток, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови.
Како што претходно информира ЈП Македонија пат, укинати се забраните за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец Гостивар – Маврово.