Ноќеска во скопската населба Топанско Поле

Во сообраќајка повредена поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу полноќ во скопската населба Топанско Поле. Фетаи била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски", по што била пуштена на домашно лекување.

Околу 00.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Македонско Косовска" и ул.„Џон Кенеди" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица" со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(36) од Гостивар, со живеалиште во Скопје и патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(55) од Тетово.

Во незгодата со повреди се здобила Ф.Ф., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", информираат од МВР.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе