Во Пустец одбележан Денот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во oпштина Пустец, Албанија.

Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

„Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставината на Ѓорѓи Стојчевски“, информираа од општина Пустец.

Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжување на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во Република Албанија, посочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа“.

Во сите училишта во Општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

По повод Денот на сесловенските просветители, честитка до Македонците во Албанија, во матичната земја каде и да се во светот упати Општина Пустец, македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана. 

МИА

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе