Статистика

Во пожарите во Македонија летово изгореа 482.106 метри кубни дрва, штетата е 38 милиони евра

Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума.

Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2.318.091.000 денари (околу 38 милиони евра), покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Македонија изминатото лето.

Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти. 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе