Попладнево во Скопје

Во пожар во хотелот „Буши“ повредени се десет лица

Десет лица се повредени во пожарот што попладнево избувна во хотелот „Буши" во Скопје и со возила на Итната медицинска помош се однесени во Градската општа болница „8 Септември" како и на Клиниката за токсикологија, изјави раководителката на Итната медицинска помош (ИМП), Милица Бубало.

Од нив, посочи таа, двајца се здобиле со потешки повреди.

Додаде дека на лице место екипите на ИМП интервенирале и за други полесно повредени лица кои се пожалиле на тешкотии со дишењето.

Попладнево во пожарот што избувна во хотелот „Буши" во Старата скопска чаршија биле зафатени дел од рецепцијата и кујната на хотелот, информираа од Противпожарната бригада Скопје. Тие потврдија дека пожарот е локализиран. 

МИА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе