На литургијата одржана во молитвено присуство на патријархот на СПЦ, на која чиночаластвуваше епископот Јустин, покрај владиката Пимен од МПЦ-ОА, сослужуваа архиереи и од Вселенската патријаршија, од Руската православна црква, од Романската православна црква и од други сестрински помесни цркви.
На устоличувањето на епискотот Јустин присуствуваа и шефот на дипломатијата на Србија Никола Селаковиќ и претставници на дипломатскиот кор во Париз.
Сослужувањето на македонските владици и свештенство со клирот на останатите православни помесни цркви стана вообичаено по одлуката на Вселенската патријаршија за враќање во канонско единство на Охридската архиепископија, како и со согласноста на СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА во мај годинава, со што беше надминат 55 годишниот раскол.