Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, на Попова Шапка 31 и во Круево 15.
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.