УХМР

Во Маврови Анови со минус 5 степени најстудено во Македонија, во Крушево наврна најмногу снег

УХМР информира дека изутринава најниска температура од минус 5 степени имало во Маврови Анови, а потоа следат -4 на Попова Шапка, -2 во Крушево и -1 во Куманово и Дебар. Нула степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница и Демир Капија, еден во Струмица, Охрид и Претор, два во Крива Паланка и Берово, три во Гевгелија и Дојран.

Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, во Ѓуриште 12, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.

Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28,  Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, а Струмица и Скопје-Петровец со 18.

УХМР исто така информира дека утринава во прилепско има удари од северен ветер и до 40 километри на час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.

 

 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе