Најмногу снег има во Крушево, каде снежната покривка е 16 сантиметри, во Пожарене 15, во Ѓуриште 12, седум во Скопје-Зајчев рид, пет Скопје – Петровец, четири Битола, три Дебар, два Тополчани, а еден сантиметар снег има во Куманово.
Во изминатите 24 часа заклучно со седум часот изутрина најмногу воден талог е наврнат во Демир Капија, 38 литри на метар квадратен, по што следат Попова Шапка со 28, Битола, Крушево и Гевгелија со 26, Крушево со 25, Маврово, а Струмица и Скопје-Петровец со 18.
УХМР исто така информира дека утринава во прилепско има удари од северен ветер и до 40 километри на час. Во 7 часот снег е забележан само на Пожаране, над Полошката котлина.