Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата, -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип и Демир Капија, -1 Скопје-Зајчев Рид, а 2 степена во Гевгелија.
На Попова Шапка има 32 сантиметри снег, 15 во Маврови Анови, седум во Крушево, а во Ѓуриште и Пожаране пет.
Во делови од Скопскиот регион утринава има умерен ветер, а во Штип ветерот утринава достигнува брзина повремено и до 40 километри на час.