Државен завод за ревизија

Во Македонија се рециклира само 1% од пластичниот отпад

Рециклирањето на пластичниот отпад во Македонија е помала од 1% од вкупно собраниот отпад, поради што е потребно преземање на иницијативи и активности за подобрување на состојбата, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Политиките, мерките и активностите преземени од страна на надлежните институции за воспоставување интегриран систем за управување со пластичен отпад не се ефективни и не го намалуваат количеството на пластичен отпад, стои во заклучокот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) по направената ревизија на успешност за „Ефикасно третирање и справување со пластичниот отпад“.

 Во извштајот се вели дека од надлежните институции не се донесени значајни плански и програмски документи, дека не функционира Комисија за управување со отпад од пакување и дека не е воспоставено регионално управување со отпад. Со тоа, стои во извештајот, не се обезбедени основните услови за превенција од создавање на пластичен отпад и негова преработка.

„Постојниот начин на постапување со пластичниот отпад го маргинализира селектирањето, а без таа активност не е можно ефикасно да функционираат операциите на третман и преработка и соодветно применување на начелата „хиерархија на управувањето“ и „одржлив развој“. Поради тоа собраната количина селектиран пластичен отпад во државата е минимална и претставува околу 1,4% од вкупниот собран отпад во една година и во најголем дел е резултат на преземени дејства од колективните постапувачи и неформалниот сектор (индивидуални собирачи). Во такви услови правните лица кои вршат третман и преработка (инсталациите за рециклирање), за да обезбедат ефикасно работење, треба да увезуваат отпад“, стои во извештајот на ДЗР.

Ревизијата укажува и дека состојбата во преработката на пластичен отпад дополнително се влошува поради падот на цената на таканаречената „нова пластика“ и намалување на побарувачката на рециклирана пластика на меѓународниот пазар, како и високата откупна цена на пластичниот отпад на националниот пазар.

Податоците од институциите укажуваат дека од вкупниот отпад во Македонија се рециклира помалку од 1%, но истовремено не се преземаат иницијативи и активности за повторна употреба на пластичниот отпад.

„Кон сето ова се надоврзува отсуството на јавна свест за потребата од селекција на пластичниот отпад, неговото препознавање како потенцијален ресурс и за штетите предизвикани врз животната средина и здравјето на луѓето при неправилно постапување со отпадот“, стои во заклучокот од извештајот.

Ревизијата го опфатила периодот од 2017 до 2019 година, а биле насочени кон правната рамка и управувањето со пластичен отпад, како и мониторингот и надзорот.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе