Во Јамиште диви коњи прават штета на посевите, никој не знае кој е сопственикот

Молба до јавноста, диви коњи ми прават пустош на компирот и другите посеви, ни се обрати вчера Горанчо Манев од селото Јамиште, општина Пробиштип. Тој вели дека веќе 3-4 години има проблеми со дивите коњи кои слободно шетаат во атарот на селото и прават штети по нивите, а никој не знае кој е сопственикот на тие коњи.

„Пријавивме во полиција, тие велат не се надлежни сѐ додека не се знае кој е сопственикот на коњите. Пријавуваме и во ветеринарната служба од каде ни велат дека коњите се обележани и дека лесно може да дознаат кој е стопанот, ама не можат да се приближат, да ги фатат и да проверат. Диви се. И така веќе неколку години. Штом го засадам компирот, коњите ми прават пустош. Ниту една институција не може да открие кој е сопственикот на коњите, ако воопшто има некој газда - нека се јави. Ако некој може да ми помогне нека ми се јави. Ова веќе не се издржува. Голема е штетата“, вели веќе во очај Горанчо Манев.

Вака изгледа откако Манев го насадува компирот... ... а вака после.

И навистина, надлежните институции ни го дадоа истиот одговор. Мора да се знае кој е сопственикот за да можат да сторат било што. Дотогаш, Манев е оставен сам на себе.

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе