Во пеплосаниот автобус најдени канти, луѓето што изгореле биле заробени и тоа е ужасно, вели бугарска новинарка

Репортерката на Бтв Мариета Николаева ја следела реакцијата на институциите во првите часови по тешката сообраќајка со автобусот на автопатот „Струма“. Таа вели дека луѓето биле заробени, знаеле што ги чека и тоа било вистински ужас. Според информациите што Николаева ги сподели со јавноста, во автобусот имало канти. Вели дека кога првично известила дека има најмалку 45 жртви, не ѝ поверувале и барале неколку пати да повтори. 

Фото: ЕПА

„Првичните информации ги добивме 20 минути по самиот инцидент, тоа беше за 46 мртви. Не верував, ми се чинеше апсурдно и ми рекоа повторете неколку пати. Тоа беше првата информација, се знаеше дека автобусот е изгорен. Отидовме таму и ги разјаснивме деталите“, рече новинарката во „Ова утро“.

„Се приближивме до местото, добив информации што се случило“, додаде таа.

Надлежните многу брзо реагирале, рече таа.

Директорот на Противпожарната единица бил во десеттата минута на местото на настанот. Тоа го потврдуваат и самите македонски власти, кои подоцна им се заблагодарија на Бугарите за брзата реакција на нивните колеги.

„Во овој случај луѓето биле заробени, знаеле што ги чека. Сѐ се случило за неколку минути. Тие сфатиле дека се заробени, вратите биле затворени. Според моите информации, двајцата возачи загинале. Возачот зад воланот бил еден од првите што загинале, па вратите останале затворени“, изјави Николаева.

Само седум луѓе имале вистинска среќа и успеале да го скршат стаклото и избегале, додаде таа.

„Според информациите од мои извори, во автобусот всушност биле пронајдени канти. Што имало во нив и дали тие го предизвикале пожарот или придонеле тој да се прошири, ќе се истражува. Сè уште претстојат многу тешки прегледи, кои бараат многу време“, објасни новинарката.

„Според пожарникарите, всушност, со ваков силен удар и со таков контакт со заштитната ограда може да се појават искри и да се предизвика пожар. Но тука имаме едно интензивно согорување, овој пожар избувнува ненадејно. Многу е важно да дознаете што го предизвикало ова интензивно горење“, изјави Мариета Николаева.

Според неа, експертите се многу штури со информациите, а сообраќајното вештачење може да трае три месеци.

Новинарката не ја исклучи можноста дека причина за трагедијата е човечка грешка.

„Истрагата целосно ја презема Националната истражна служба. Македонските власти ќе учествуваат, со тоа што ќе бараат документи од бугарска страна“, објасни Мариета Николаева.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе