За време на посетата на регионот Твер, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе и тоа во предвид“, пренесува Интерфакс.
Тој рече дека доколку ловците Ф-16 бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништуваат нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетните системи“.
Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ѝ ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.