Екологија

Во Гевгелија фирми и еко-здруженија бараат дислоцирање на погон за обработка на отпад, од општината молк

До градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, неколку граѓански здруженија и компании испратија петиција во која бараат времено стопирање на работата на погонот за складирање и третман на отпад на фирмата „Го васте солутион“ сместен во просториите на Керамика и покренување постапка за поништување на дозволата за складирање и третман на отпад на истата компанија. Според потписниците на оваа петиција оваа дозвола била издадена спротивно на Законот за управување со отпат, член 32. Од општината засега – молк.

Според законските одредби ме може да се обавува дејност складирање и третман на отпад во населено место. Освен тоа, највисок законски документ кој го регулира управувањето со отпад на општинско ниво е Планот за управување со отпад на Општина Гевгелија (2017-2021) и Програмата  за реализирање на овој план. Во овие документи предложени од градоначалникот на Општина Гевгелија, а усвоени од советниците, никаде не е планирано, ниту предвидено отворање на дејност складирање и третман на отпад.

Општината лани на 15 септември издала потврда дека локацијата е надвор од населено место, а погонот за складирање и третман на отпад е на 300 метри од станбени згради и индивидуални куќи каде живеат над 2.000 граѓани, на 25 метри од  пекара, на  110 метри од винарија со капацитет од 16 милиона литра вино, на 200 метри од фабрика за преработка на земјодеслки прозиводи, на 200 метри од фабрика за производство на тестенини, на 100 метри од оранжерии за производство на раноградинарски производи...

Од фирмата „Го васте солутион“ велат дека ги имаат сите потребни дозволи од Министерството за животна средина и во тој процес локалната самоуправа нема ингеренции. Не третираме отпад, туку работиме на рециклирање пластика којашто понатаму се извезува надвор од Македонија. Тие велат дека во  фабриката исклучиво ќе се селектира и ќе се преработува пластика, ПЕТ амбалажа, пластични шишиња, а не и опасен или друг вид на отпад. Тие бали од пластичниот отпад потоа како полупроизвод ќе се извезува, велат од „Го васте солутион“. „Сметаме дека е крајно неодговорно и непрофесионално да се изнесуваат лажни информации и клевети и со тоа да се манипулира со јавното мислење на населението, особено кога станува збор за невладини организации кои треба да се носители на интегрирање модели за заштита на животната средина, развој на зелена економија и најважно од се едукација на граѓаните“, се вели во изјавата на компанијата објавена на Фејсбук.

Група советици бараа вонредна седница на Советот, но мнозинството советници не ја прифатија таа иницијатива. Потоа, градоначалникот Поцков за советниците и за компаниите од околината организираше некаква презентација на погонот, а неколку дена потоа дојде и петицијата.

Потписници на таа петиција се здруженијата Спас за нас и Челнџмејкерс, и фирмите Риго импекс, 7 Ноември,  Русе комерц, Преферита, Вис вендинг, Конти хидропласт, НОЕЛ и Техноалат комерц.

Од здружението Спас за Гевгелија велат дека погонот за преработка на отпад се планира во индустриската зона каде има лесна индустрија, складишта за храна и сервиси, на само 300 метри од првите куќи и дека тоа не е место на кое треба да се транспортира и преработува отпад.

И покрај неколкуте имејл пораки, од градоначалникот на Гевгелија не добивме никаков одговор за овој проблем на граѓаните и на компаниите од општината.

Во Централниот регистар како сопственик и управител на фирмата со странски капитал „Го васте солутион“ од Скопје е заведена Перизат Борнобаева.

Ова име се појавува и како дел од фирмата „ПП индустрис“ од Скопје која во 2019 доби негативно мислење од општина Гевгелија за спроведување на проект за складирање на РДФ и производство на пелети од РДФ гориво.

Истата фирма, „ПП индустрис“, во 2019 година се јавува како можен инвеститор на проект за изградба на депонија на интерен и индустриски неопасен отпад во Општина Неготино. Управител на фирмата тогаш бил извесен Џузепе Цесура, а Борнобаева била претставена како претставник на инвеститорот. Но, и овој проект не помина во општината. Истата компанија има проект и во Кавадарци.

Во сите студии за компаниите поврзани со Борнобаева за производство на РДФ гориво од индустриски и комунален отпад на оценка на влијанието на проектот врз животната средина ја дава компанијата ДЕКОНС - ЕМА Скопје. Во Министерството за животна средина овие студии главно поминуваат без никаква задршка.

Во западноевропските земји има компании кои плаќаат ако го земеш идустрискиот и комуналниот отпад, од кој потоа се прави тоа т.н. РДФ гориво.

А.Д.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе