Во делчевско се изгаснати сите пожари, потврди градоначалникот Трајковски

По седумдневната битка со огнената стихија во делчевскиот регион и натчовечките напори за да се стават под контрола и да се изгаснат пожарите и да не се дозволи загрозување на човечки животи и имоти на граѓаните, конечно, денеска сите пожари кои беснееја на територијата на Делчево, се изгаснати, информира градоначалникот Горан Трајковски.

Според него, со координирана акција на терен на сите сили кои биле на располагање, но и со помош од воздух од армиските хеликоптери, но и на соседни држави, уште во текот на вчерашниот ден се локализирале и се изгаснале пожарите кои беснееја на две локации во делчевско, над Разловци и над Тработивиште.

Дежурни екипи од Национални шуми и од ТППЕ Делчево сѐ уште го контролираат теренот, бидејќи сушата, високите температури и ветерот се причини кои можат да доведат до повторно распалување на огнените јазици.

Инаку, во изминатава недела активно на терен беа Просторните сили на Општина Делчево, екипи од ТППЕ Делчево и околните општини, екипи од ЈКП „Брегалница“, екипи од Национални шуми Делчево, припадници од Армијата, Гранична полиција, но и голем број доброволци, локални жители кои максимално се вложија да го спасат шумското богатство на Пијанец.

Во гаснењето на пожарот активно беа вклучени и со сите расположливи ресурси, противпожарни единици од М.Каменица, Кавадарци и Штип, но и од соседна Бугарија, Словенија и Австрија.

„Сакам да истакнам дека опасноста од пожари не е надмината. Високите температури, сушата се одлични пријатели на огнот, но непријатели за нашето шумско богатство и за нашиот имот. Во таа смисла, апелирам до сите граѓани на одговорно однесување, на почитување на целосната забрана за движење низ шумските предели и трезвено да ја следат состојбата и да алармираат при најмал знак дека има опасност од повторно распламтување на пожарите“, изјави Трајковски.

Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во гасењето на пожарите, на доброволците и на граѓаните, на Црвениот Крст, како и на донаторите на опрема, гориво и храна.

Трајковски најави дека ќе се преземат мерки за обесштетување на граѓаните кои изгубија дел од имотот, стоката, штали полни со храна, но и приватни шуми и дека на есен ќе започне голема акција за пошумување на изгорените површини. Исто така, апелираше до Владата и Законодавниот дом да се измени законската регулатива и максимално да се зголеми казната за сите пиромани, но исто така целата изгорена маса единствено да се даде на располагање на Национални шуми, а никако на приватни корисници.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе