УХМР

Во Битола утрово измерени -22 степени, Берово -20 степени

Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 Целзиусови степени.

Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени.

УХМР информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 38 сантиметри, во Маврово 28, а во Крушево 25.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните и ноќните часови ќе има повремен слаб снег, претежно во североисточните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6, а во делови од Пелагонија околу -7 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а попладне и во вечерните часови значителна облачност. Максималната температура ќе достигне до еден степен.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе