Пронајдени 15 илјади гранати од Првата светска војна на една локација

Во Битола е најголемиот арсенал на гранати на Балканот

Во тек е извлекување на пет илјади гранати од Првата светска војна, претходно се излечени уште пет илјади, а под земјата се кријат уште толку гранати. Под стариот пат во близината на локацијата не се знае уште колку гранати е можно да се најдат. Но, веќе е јасно дека станува збор за локалија на Балканот со најмногу експлозини средства стари повеќе од 100 години, но кои се уште убиствени.

Најмалку 15 илјади артилериски гранати со калибар од 75 мм, заостанати од Првата светска војна досега  се дефинирани под Тумбе кафе кај стадионот во Битола.

Од нив, околу 5 илјади гранати се складирани во магацин во старата битолска касарна, уште 5 толку се подготевни за транспорт, а во земјата има сигурно уште 5 илјади гранати, сѐ заедно, најмалку 15 илјади гранати .

Но, пиротехничарите велат дека локацијата на овој арсенал најверојатно се протега и под патот кој ја повзрува новата населба со главната сообраќајница.

„Од старт имаме 15 илјади парчиња што се дефинирани. Тоа се 120 тони гранати, во кои има 5 тони тротил. Но, тука не завршува границата на локацијата, таа продолжува и под патот, што значи дека од понеделник делницата ќе се затвори. Патот ќе мора да се разурне и да се спушиме до нивото кај грантаите,ѝ изјави на дописничката на Телма Ефтим Митров, раководител на тимот пиротехничари.

На терен целата работа на откопување, пренесување во транспортно возило и скалдирање ја извршуваат четворица пиротеничари, а вкупно се седуммина во целата држава. Нив следната недела,како што јавува телевизијата,  ќе ги заменат други колеги, а како домаќин и во другиот тим останува битолскиот приротехничар Ѓорѓи Стефанов.

Се претпоставува дека местото било напуштена позиција на некоја од завојуваните страни во Првата светска војна. Ваква количина на една локација не само што за првпат е пронајдена во Македонија, туку воопшто на Балканот.

Mитров вели дека е среќна околност што запалките од гранатите се извадени, зашто таа завојувана страна која бегала и не можела со себе да ги носи сите тие гранати, не сакала противникот да ги употреби.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе