Во беровско сѐ уште гори борова шума, засега нема загрозени села

Во државата сѐ уште се активни десетина пожари, но според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата во осум часот утринава, нема загрозени села.

Во штипскиот регион пожарите кои беа на две локации с.Трботивиште-Нов Истевник м.в.Света Вода и с.Разловци, општина Делчево се во потполна контрола и нема никаква опасност од нивно ширење. Екипи кои набљудуваат кои се на местата на пожарот кога ќе се појави некое жариште во изгорениот дел  веднаш реагираат од евентуално проширување. Во текот на вчерашниот ден интервенирале кај Разловци: ТППЕ Делчево со 10 пожарникари, ШС Делчево со 5 вработени, АРСМ со 29 припадници , МВР со 40 припадници, Гранична полиција со цистерна, ЈКП Делчево со цистерна и 2ПП екипи од Р. Бугарија. Кај Нов Истевник ШС Делчево со 4 вработени и МВР со 14 припадници. За ден 09.08.2021 година договорено е во гаснењето на пожарот да интервенираат: 1 вработен од РЦУК Делчево, 10 лица со 2 теренски возила од ПС Голак од Делчево, 10 пожарникари со 2 цистерни и 1 теренско возило од ТППЕ Делчево, 5 полициско службеници со 3 теренски возила и 1 камион штаер со цистерна за вода ос 3 тони од РЦ Исток, 6 полициски службеници со 3 возила од МВР ОВР Делчево, 7 лица со 2 теренски возила со 1 тон вода од ЈКП Брегалница, 40 војници од АРСМ, ОО Црвен Крст Делчево и волонтери од месното население со трактори и цистерни за вода, рачен алат за гаснење, а по потреба ќе бидат ангажирани и други сили.

Во општина Берово се уште е активен пожарот  на потегот Будинарци-Митрашинци  каде што гори борова шума. Екипите што беа на терен се повлекуваат за во раните утрински часови повторно да излезат на терен. Ќе останат набљудувачи што ќе ја следат состојбата, а доколку има потреба ќе се мобилизираат останатите екипи. Загрозени села од пожарот во моментот нема. Во текот на вчерашниот ден интервенирале: 22 армиски припадници, ПП Австрија 60 припадници, ПП Словенија 45 припадници, месно население 15 и останати субјекти околу 60 лица.

Според известувањето од ТППЕ Штип, вчера во 12:00 часот добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево и с.Селце во општина Штип каде гори сува трева, смрека и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенирале 4 лица од ШС Серта од Штип и 4 пожарникари со 1 ПП возило. Пожарот е се уште активен, а со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Во скопскиот регион пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата, гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот е отидена екипа од БППЗ на Град Скопје. Остварен е контакт со одговорно лице од  Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот. Гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ќе бидат во опасност. (општина Сарај).

 Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интервенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен се со 1 возило и 5 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно е повлечена.

Во текот на вчерашниот ден во битолскиот период повторно е реактивиран пожарот кај с.Топлица, општина Прилеп, покрај магистралниот пат Прилеп-Градско. Според последните информации реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец. Гори дабова и букова шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ-Прилеп со 1ПП возило и 3 пожарникари и 5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп. Во интервенцијата учествуваат и припадници на АРМ. На локацијата на пожарот делувано е и од воздух (1 налет на канадер), но пожарот е се уште активен. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 3 пожарникари со 1 Пп возило и  5 вработени од ЈП ,,Црн бор“-Прилеп.

Во кумановски регион од ноќеска повторно е активен пожарот во атарот во с. Дренк (на тромеѓа помеѓу с.Дренк -Жељубино- Аљинце). Екипата на ТППЕ со 1 теренско возило и 5 пожарникари интервенира од 20,30 часот со напртњачи, во интервенцијата учествуваат и 2 мештани. Екипата е се уште на терен и работи на негово гаснење.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе