УХМР

Во Берово утрово се измерени -14 степени, утре снег по планините, од петок потопло

Во Maкедонија утринските температури беа под нулата. Најстудено беше во Берово каде се измерени -14 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и Струмица со -8. Во Скопје и Гевгелија се измерени -7 степени, во Охрид -6 и во Крушево и Дебар -5 степени.

Утринава е сончево, тивко и студено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени. 

За утре се најавува повремен снег на планините во западните делови, а веќе во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд. 

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе