Време

Во април снег во Скопје

Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од вчерашните. На некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка. Само на југоистокот врнежите ќе се само од дожд.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 4, Битола  и Крива Паланка 2, Кавадарци 5, Берово 1, Дојран 6 степени.

Утре и задутре времето ќе биде стабилно со минимални температури.

Утре наутро ќе има ниски утрински температури. Претпладне на крајниот исток ќе има појава на слаб снег. Во останатите делови ќе е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово 0, Охрид 6, Битола 5, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 8, Дојран 10.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе