АМСМ предупредува

Внимателно возете, има влажни патишта, може да има и магла

АМСМ препорачува денеска и во деновите од викендот да се вози внимателно зашто поради влажното време можно е да има лизгави коловози, но можни се и услови на магла.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од дожд има само во југозападниот дел од земјата. Поради појава на магла, видливоста во Крушево е намалена на 30 – 50 метри, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе