ВМРО-ДПМНЕ: Соработуваа со него, се фотографираа со Боки 13, а сега велат дека го познаваат само од ТВ

Правниот систем е урнат. Зоран Заев се среќава со адвокатката на осомничената Катица Јанева. Адвокатката на Јанева вели дека таа има сериозни психички проблеми и се наоѓа под терапија во притвор, а Катица Јанева од притвор си потпишува наредби по кои постапува републичкиот Јавен обвинител. Одбраната на Боки 13 посочува на чудното однесување на власта која нападно ја брка мувата од капата негирајќи ја поддршката, соработката, забавите и средбите документирани и на фотографии. Го поддржуваа, соработуваа со него, се фотографираа, а сега велат го знаеле само од телевизија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев ја лаже и манпулира македонската јавност очајно обидувајќи се да ја насочи истрагата за најголемата криминална афера во историјата на Македонија на еден човек, Бојан Јовановски.

Никој жив во Македонија не верува дека три пати амнестиран криминалец како Зоран Заев не земал парче од милионскиот колач нелегално стекнат преку рекетирање на македонски политичари, бизнисмени, граѓани.

Одбраната на Јовановски посочува дека сите оние вмешани во рекетот сега се обидуваат целата вина за кривично-правниот настан да ја префрлат на еден човек, Бојан Јовановски. Истрагата за Рекет е компромитирана, омилената обвинителка на Заев, Вилма Русковска прави сѐ за по 4-ти пат да го амнестира него и неговата криминална банда.

Апсењето на Боки 13 и Катица Јанева е само очајнички обид да се пресечат пипците на криминалниот октопод кои при брза и ефикасна истрага би довеле до главата на оваа криминална операција, Зоран Заев.

Јавноста не може така лесно да се изманипулира. Цела Македонија виде како Заев бара поткуп од 200 илјади евра. Цела јавност знае дека во случајот Глобал, Заев беше аболициран за милионски криминал. Македонските граѓани знаат дека Зоран Заев е на чело на рекетарската банда“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе