ВМРО-ДПМНЕ: Службеници на Владата се луксузираат криејќи се како новинари

Вработени во  службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија,  Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За  шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.

Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.

Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Вработени во владината служба за општи и заеднички работи, како новинари, на државен трошок престојуваа во Бугарија три дена. Тие наводно отишле да присуствуваат и да информираат за првата меѓувладина седница меѓу Владата на РСМ и Владата на Бугарија, пренесува Алсат.

Во документите што ги обезбеди Алсат, шестмина вработени во Владата, меѓу кои и шефот на службата Пеце Мирчевски, обезбедиле шест хотелски соби и превоз со возила од Владата.

Генералната и заедничката служба на РСМ е должна да обезбеди хотелско сместување за македонските новинари во Софија, Република Бугарија, во врска со заедничката седница меѓу Владата на Република Северна Македонија и Република Бугарија, (24-25 јануари 2022 година). Во оваа насока, Службата треба да резервира 6 соби со по еден кревет, со полн пансион во периодот од 24.01 до 26. 01.2022 година за следните лица: 1. Пеце Мирчевски, 2. Сања Петковска, 3. Ивана Јаневска, 4. Благој Китев, 5. Александар Илиќ и 6. Александар Кошаркоски.

Иако активностите за меѓувладината седница траеле два дена, од 24 до 25 јануари, според документите на Алсат, горенаведените лица во Бугарија престојувале три дена, од 24 до 26 јануари. Запрашани зошто шестмина вработени во службата морале да патуваат како новинари? Од Службата одговорија дека патувале како персонал ангажиран во организациски работи.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе