„Пациентите немаат примено терапија затоа што Министерството за здравство не распишало тендер за набавка на лековите.
Под ризик се и пациентите со рак на бели дробови, бубрег и дојка, за кои во наредните неколку месеци ќе се исцрпи потребната терапија.
Министерството за здравство да не си игра со животите на луѓето и веднаш да распише оглас за набавка на сите потребни терапии.Дали власта сфаќа дека нивната неспособност убива луѓе?
Неспособноста и во здравството е една од причините зошто мора да има избори. Народот не смее да пати и страда заради криминогеноста и неспособноста на СДСМ и нивните коалициони партнери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.