четврток, 28 март 2024

МОН објави конкурси за доделување пари на научници за меѓународни собири и за студиски престои во странство 

Министерството за образование и наука објави конкурси за доделување пари за учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и за учество на домашни научни истражувачи за студиски престои во странство во 2024 година.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Парите кои ќе бидат доделени се пресметуваат во зависност од висината на котизацијата (за научни собири) и на патните трошоци, како и од парите со кои располага Министерството за образование и наука за тековната година.

МОН денеска објави конкурс и за доделување средства за финансирање материјални трошоци и услуги за печатење зборници на трудови од одржаните научни собири за 2024 година.

Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и од расположивите средства на МОН.

Во трите конкурси се наведени условите – кој има право на учество, потребните документи и начинот на аплицирање, и во сите е достапна пријава.

Рокот на конкурсите завршува на 31 октомври 2024 до кога заинтересираните треба да ја достават пријавата со потребната документација во МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ