Владата одлучи: За 10 проценти да се зголемат платите на наставниците од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти  почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година.

„Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа  информација вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20 отсто, имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на двапати по 5 проценти“, соопшти владината прес-служба.

Владата и МОН завчера му предложија на СОНК зголемување на платите за нови 10 отсто од април. Претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека ќе го консултираат членството кое треба да одлучи дали е предлогот прифатлив или ќе биде одбиен.

Советот на СОНК вчера одржа состанок со регионални претставници на Синдикатот, на кој присуствуваше и министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Неделков изјави дека според првичните реакции, не се задоволни што зголемувањето ќе биде 10, а не 25 отсто како што бараат тие. Сметаат и дека зголемувањето треба да биде од 1 јануари, а не од април. Тоа се нивните првични сознанија од расположението на членството, но конечната одлука  ќе ја имаат до почетокот на наредната недела.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе