По информацијата на МЖСПП

Владата ќе ги раскине договорите за концесија на малите хидроцентрали на Шар Планина

Владата денеска ја усвои Информацијата на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во врска со статусот на договорите за концесија на малите хидроелектрични централи (МХЕЦ) лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Национален парк (НП) Шар Планина.

По денешната владина седница од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека со информацијата се опфатени шест мали хидроелектрични централи, кои нема да се реализираат.

„Опфатени се шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина, кои нема да се реализираат. Се работи за МХЕ Љуботенска 66, МХЕ Љуботенска 67, Беловишка 107, Пена 82, МХЕЦ, Лешочка 100 и Лешочка 101", пишува во соопштението.

Со посебна информација, како што информира Mинистерството, доставен е и предлог за спогодбено раскинување на Договорот за концесија за МХЕЦ Шеличе лоцирана на подрачјето на НП Шар Планина, во зоната на одржливо користење, при што е постигната согласност на концесионерот да му се врати уплатениот концесиски надоместок.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе