МЕД ја поздравува одлуката на Владата да ја поддржи иницијативата за Јабланица да се прогласи за национален парк

Македонското еколошко друштво (МЕД) ја поздравува одлуката на Владата да ја поддржи иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк на 116-та седница, се наведува во соопштението на МЕД.

„Како невладина организација што е вклучена во иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк и за чија цел уште во 2006 година изработивме Студија за валоризација на природните вредности за планината Јабланица, го поздравуваме овој исчекор на Владата и напорите на месните заедници и општините Струга и Вевчани за конечна заштита на планинскиот масив“, изјави Робертина Брајаноска, извршна директорка на Македонското еколошко друштво.

Од МЕД наведуваат дека планината Јабланица поседува големи и значајни природни вредности и многу богат биодиверзитет заради што заслужува да биде дел од мрежата на заштитени подрачја во Македонија.

„Јабланица е специфична по своите физичко-географски карактеристики, а особено внимание, не само кај научниците туку и кај љубителите на планината, предизвикуваат јабланичките глацијални  езера чија старост се проценува на десет до 15 илјади години“, велат оттаму.

Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк првпат се спомнува во Стратегијата за биолошка разновидност со акциски план на Република Македонија, донесена од Владата на Република Македонија во 2004 година. Покрај националното значење, планината Јабланица има и меѓународно значење. Таа е дел од Балканскиот зелен појас, односно од Европскиот зелен појас, а претставува и важно подрачје за мечката, волкот и за рисот како европски значајни видови.

Со Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план за периодот 2018-2023 година, Република Македонија се обврзува на зголемување на површината на заштитени подрачја до најмалку 15 отсто. Јабланица, како дел од репрезентативната мрежа на заштитени подрачја е  предложена да биде заштитено подрачје од втора категорија – Национален парк, што значително би придонело кон зголемување на процентот на заштитени области во Македонија кои во моментов зафаќаат околу 9 насто.

МЕД потсетува дека планинскиот масив Јабланица – Шебеник во Албанија веќе има статус на национален парк прогласен во 2012 година и дека со прогласувањето на Јабланица за национален парк во Македонија ќе се воспостави прекугранично заштитено подрачје. 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе