Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат да се почитуваат мерките за време на празниците

Преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.

Тоа е констатирано на средба на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски  со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи.
 
„Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час“, соопшти владината прес-служба.
 
Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.
 
Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодариле на поглаварот Стефан и на реисот Сулејман Реџепи за придонесот во справувањето со пандемијата. Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството. 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе