Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање

Владата вечерва на 24-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста  на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон.

„Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија“, стои во соопштението.

На оваа седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување процес на кодификација на правото во земјава и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во земјава.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и Генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет „Св.Кирил и Методиј", Универзитет „Св.Климент Охридски", Универзитет „Гоце Делчев" и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото – во рамки на своите Правни факултети, во рок од пет дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група. 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе