Владата денеска ќе свети сино по повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Светот денеска го одбележува 2 Април, Меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам, и во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања светот се бои во сино. На овој Меѓународен ден порачуваме дека различностите не поврзуваат и дека општеството можеме да го направиме за сите.

„Владата на Република Северна Македонија дава континуирана поддршка на лицата со аутизам и нивните родители и семејства, и во таа насока, на годинешниот 2-ри април се придружува на останатите земји и својата зграда ќе ја осветли во сина боја“, информираат од Владата.

И покрај хуманитарната криза предизвикана од коронавирус COVID-19 со која во моментот се справува и нашата земја, Владата, како што велат оттаму, заедно со сите партнери и граѓани, преку овој симболичен гест упатува порака дека продолжува неуморно да обезбедува услови за здрава и напредна иднина за сите граѓани, како и поддршка до сите ранливи категории.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе