Владата демантира дека ќе се легализира марихуаната

Како чиста дезинформација, вака Владата ја коментира веста на ТВ 21 дека ќе се легализира употребата на марихуаната во Македонија.

„Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата на Владата на веста која ја објави ТВ21, дека заради обезбедување на поголем девизен прелив од туристи е подготвена да го легализира нејзиното користење кај уживеталите.

ТВ21 повикувајќи се на блиски извори од Владата објави дека наскоро ќе се легализира марихуаната во Македонија. За почеток легализирана ќе биде во туристичките места, односно во Охрид и во Струга. Анализите на Владата покажале дека легализацијата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, а со тоа и поголем девизен прилив во тие места.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе