Управата за хидрометеоролошки работи

Викендов сончево и топло, со температури до 37 степени

Пораст на дневните температури, кои викендов ќе достигнат до 37 степени и сончево и топло време, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

В петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Утринските темератури ќе се движат од 12 до 20 степени, а дневните од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Најтопло ќе биде за викендот, со утрински температури од 12 до 21 степем, а дневните од 28 до 37 степени. Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. 

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе