Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне со услави за појава на слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени. Маврово 4, Охрид 9, Битола и Крива Паланка 7, Берово 9, Кавадарци 8, Дојран 12.
За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Утре облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка.