Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, го опиша напаѓачот како „исламистички терорист“ и рече дека верува оти имало повеќе од еден напаѓач и дека истрагите продолжуваат.
Нехамер подоцна соопшти дека мртвиот напаѓач, кој потекнувал од Македонија, имал претходна пресуда според законот со кој се казнува членството во терористички организации.
Напаѓачот, именуван како Кујтим Фејзулаи, бил фатен како се обидува да ја премине турската граница и да влезе во Сирија за да ѝ се приклучи на групата Исламска држава, па во април 2019 година бил осуден на 22 месеци затвор. Во декември 2019 тој добил предвремено ослободување според законот за малолетници, пренесе АП.
Според Нехамер, напаѓачот пред нападот објавил слика на својот инстаграм-профил, на која се гледа како мавта со двете оружја што ги употребил.
Извршени се претреси во петнаесет куќи и неколку лица се уапсени, додаде Нехамер. Напаѓачот, рече тој, „бил опремен со лажен експлозивен елек и автоматска пушка, пиштол и мачета за да го изврши овој одвратен напад врз невини граѓани“.
Шефот на полицијата во Виена, Герхард Пуерстл изјави дека напаѓачот бил убиен во 20:09 часот.
На непотврдена снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како вооружено лице шета на улица и пука во луѓе по случаен избор, ранувајќи неколкумина. Не се знае дали лицето што се гледа дека пука во луѓе е истиот човек од сите видеа.
⚠️ Graphic ⚠️
— TommyGirl (@IAmTommy1990) November 2, 2020
CCTV from another angle shows one of the terrorists at the beginning of their massacre tonight in Vienna 🇦🇹
Jack Dawkins pic.twitter.com/xdXsNu3QG8
Австриската полиција, како што веќе објавивме преку Европол достави барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува.