петок, 19 април 2024

Русите потврдија дека се урнал бомбардер „поради дефект“, Украина тврди дека го урнала (ВИДЕО)

Москва денес потврди дека руското воено воздухопловство изгубило суперсоничен тежок бомбардер Ту-22М, додека Украинците тврдат дека го собориле. Министерството за одбрана во Москва јави дека падот на авионот веројатно се случил поради технички проблеми.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Авионот се урнал во Ставрополскиот регион на југот на Русија додека се враќал од борбена мисија. Четворицата членови на екипажот скокнале од авионот, а досега се најдени и спасени тројца. Авионот немал муниција, додаде министерството за одбрана. Местото на уривањето е на околу 600 километри од границата со Украина.

Руски и украински воени блогери објавија непроверени видео-снимки на социјалните мрежи на кои наводно се гледа бомбардерот како се врти во воздух со запален мотор. Киев тврди дека ова е првпат Ту-22 да биде успешно соборен со ракета, но без какви било докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ