Ветерот го „префрла“ пожарот од Кочани кон селото Тркање

Ветерот вечерва го смени правецот, па пожарот кај Кочани веќе не е опасност за градот, туку се префрла кон селото Тркање.

Кочанскиот градоначалник Николчо Илијев во изјава за 360 степени вели дека е зафатена огромна линија каде што горат сува трева и нискостеблеста шума, теренот е непристапен, но прават планови како да се справат со тој дел. Според него, околу градот состојбата е под контрола, а вечерва пристигнала помош од повеќе страни.

„Тука е директорот на ЦУК, ги координираме сите сили, имаме дополнителни возила дојдени од Кавадарци, Свети Николе и Велес“, изјавил Илијев.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на својот фејсбук-профил објави дека се наоѓа во Тркање-Кочанско и оти огнот е над селото и упати апел до власта за итна реакција.

„Народот се самоорганизира против страотниот пожар, потребна е помош, ова е жалната слика вечерва. Се даваат натчовечки напори за локализирање на стихијата“, напиша Мицкоски.

Претходно, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Анеглов во изјава за МКД.мк рече дека за гаснење на пожарот се ангажирани над 500 луѓе, а има и припадници на Дирекцијата за заштита и спасување.

Тој уште потврди дека е избегната опасноста за складот на „Макпетрол“, каде што се концентрирани големи сили, но пожарот е активен и беснее надвор од градот, во шумата, на планината.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе