Велосипедот е најпрактичното превозно средство, но треба одговорно да се вози, потсетува РСБСП

Растот на цените на енергенсите, зголемената фреквентност на сообраќајот, убавото време, но и здравиот начин на живот, се едни од клучните причини зошто треба да се избере велосипед како превозно срество, потсетува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и информира дека истражувањата покажале дека велосипедот е најпрактичен за растојанија до 5 километри. РСБСП апелира заради здравјето, животната средина и заради побезбеден сообраќај да се користат пешачењето, велосипедизмот и јавниот превоз.

Истражувањата покажуваат дека на растојание до 5 километри, во урбана средина, велосипедот е доминантно превозно средство во однос на автомобилот, од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување на посакуваната дестинација и од аспект на полесно паркирање, порачува РСБСП и потсетува дека паркингот за велосипеди е секогаш достапен, бесплатен и дека одзема многу помалку простор.

„Со користењето на велосипедот како сообраќајно превозно средство се заштедуваат финансиски средства кои би се давале за гориво. Исто така, купувањето велосипед е далеку поевтина опција отколку купувањето автомобил.
Велосипедистите се рамноправни учесници во сообраќајот и треба да се почитуваат како и останатите моторизирани и немоторизирани учесници во сообраќајот.

Бидете внимателни возачи и внимавајте на велосипедистите во сообраќајот. Но, и велосипедистите исто така се должни да внимаваат на останатите учесници во сообраќајот“, апелира РСБСП и советува велосипедистите да бидат внимателни и да го почитуваат следното:

• да се движат што поблиску до десниот раб на коловозот, а ако постои велосипедска патека - по велосипедската патека, односно лента;

• пешачките премини да ги поминуваат низ пропишаната црвена патна лента лоцирана непосредно до сообраќајната зебра, а доколку нема таква патека, пешачкиот премин да го преминат симнати од велосипедот;

• ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, да се движат по десната велосипедска патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот;

• на велосипедски патеки кои се уредени и обележани за сообраќај на велосипеди во двете насоки, велосипедистите треба да се движат по десната страна во правецот на движењето;

• брзината за велосипеди кога се движат по велосипедска патека или лента е ограничена на 25 километри на час.

„Мобилноста на велосипедот, брзото и практично движење, како и исплатливоста, го зголемува бројот на велосипедисти во сообраќајот. Но, секоја година десетина велосипедисти го губат животот во сообраќајни незгоди. Затоа бидете одговорни велосипедисти и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи“, апелира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата.

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе