Време

Вее снег во цела Македонија

Утринава скоро низ цела Mакедонија вее снег. Времето до крајот на денешниот ден и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе врне снег. Пообилни врнежи има во западните и северните делови каде се очекува да наврнат до 30 литрина метар квадратен.

Во утринските и ноќните часови врнежите ќе бидат претежно од снег. До крајот на денот речиси насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните делови. Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно и студено со повремени мешани врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени. Маврово -1, Охрид 4, Битола и Крива Паланка 3, Кавадарци 5, Берово 2, Дојран 9.

Од утре се очекува да дува повремено силен северен ветер со над 60 км на час. Температурата во земјава ќе се движи во интервал од -3 до 4 наутро, а во текот на денот максималната температура ќе достигне до 11 степени. До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 центиметри ќе има и речиси насекаде во западните и североисточните делови. Мала снежна покривка до околу 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.

Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час).Во Скопје облачно време со услови за дожд и температура од -1 до 6 степени.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе