Време

Ведро, сончево и студено

Времето во Maкедонија наутро утрово ќе биде ведро и доста студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер и со појава на магла по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус 2, а дневната од четири до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро ведро и доста студено со појава на магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 7, а дневната ќе достигне до 6 степени. Во Маврово и Берово дневната температура ќе достигне до 5 степени, Охрид 8, Битола 4,Крива Паланка 7, Кавадарци 6, Дојран 11.

И утре ќе се задржи стабилно време со појава на магла по одделни котлини. За време на викендот ќе има појава на зголемена облачност, на некои пониски места со повремен слаб дожд, а на планините слаб снег.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе