Вечерва пороен дожд и грмежи, утре посвежо и врнежи

УХМР за утре најавува облачно и значително посвежо време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Од петок, пак, ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната недела ќе има услови за локален дожд.

Според УХМР, денеска во вечерните и ноќните часови на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за невреме со ветер и град. Максималната температура ќе биде од 25 до 31 степен.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе