Центар за управување со кризи

Вчкова: Сѐ уште гори меѓу Раовиќ и Буковиќ во Сарај и кај прилепска Топлица, активни вкупно четири пожари

„Активни се вкупно четири пожари во земјава. Сѐ уште е активен пожарот кај селата Раовиќ и Буковиќ во општина Сарај, на недостапен терен кон сртот на планината Осој. Утрово не се гледаше ни чад, ни оган на кракот кон селото Раовиќ кај антената на 'Телеком', гори нискостеблеста мешана и деградирана шума. Уште е активен и пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во општина Прилеп е се уште активен, но нема опасност од проширување“, изјави Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Таа информира и дека повторно се активирал пожарот на планината Готен кај село Нивичино, на местото викано Калинско.

„Во моментов интервенираат лица од Шумско стопанство 'Беласица', а на истиот пожар, кој гори и од страна на беровска територија, интервенираат лица од Шумско стопанство 'Малешево' од Берово и од Шумско стопанство 'Равна река', екипа на Територијалната противпожарна единица од Берово, лица од Дирекцијата за заштита и спасување, како и месното население од село Владимирово“, рече Вчкова.
Се уште е активен пожарот во селата Куново, Којково и Луково во Кратовско. Гори шумска постелка и суви корења. Вчкова информира дека во моментов се прави проценка за опасност од проширување на овој пожар, по што ќе биде одлучено за понатамошниот тек за гаснење

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе