ХКЧП со претставка до КСЗД

Варошлија да се извини за сексуално вознемирување, навредувал девојка за изгледот

Хелсиншкиот комитет за човекови права во јуни 2022 година, во име на девојка која побара правна помош, поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација против  стилистот Сергеј Варошлија за сторено сексуално вознемирување врз основа на пол и род во областа на јавно информирање и медиуми.

Постапувајќи по оваа претставка, КСЗД донесе мислење со кое се утврдува сексуално вознемирување во епизода на емисијата „Сергеј Реинвентед со Сергеј Варошлија", преку сексуално објективизирање на изгледот на девојката.

Со тоа предизвикал повреда на нејзиното достоинство и создал заканувачка, непријателска и понижувачка средина.

Комисијата наведува дека Варошлија не се произнесол по наводите од претставката во законски предвидениот рок и донесе препорака тој да ја отстрани конкретната епизода со чијашто содржина предизвикал сексуално вознемирување кон подносителката на претставката.

Се препорачува Варошлија јавно да се извини во својата емисија во рок од 30 дена по приемот на мислењето и препораката и за тоа да ја извести КСЗД. Комисијата воедно му препорачува на Сергеј Варошлија во иднина да се воздржи од изнесување на содржини кои продуцираат вознемирување во јавниот, медиумски простор врз основа на пол и род или која било од дискриминаторските основи наведени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Доколку тој не постапи согласно препораката во законскиот рок, КСЗД ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе