Вандализам: Оштетени бистите на Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга

Непознати сторители, најверојатно ноќеска, ги оштетиле бистите на македонските поети Анте Поповски и Славко Јаневски во Струга. Бистата на Поповски била откорната и фрлена во Охридското Езеро, а бистата на Јаневски била оштетена и свртена наопаку на постаментот, објави „Охриднуз”.

Вандалскиот чин најверојатно се случил во текот на минатата ноќ, а а утринава случајни минувачи ја забележале откорнатата биста на дното во езерото. За настанот е известена и полицијата.

Бистата од Анте Поповски беше поставена во Струга по иницијатива на фестивалот Струшки вечери на поезијата од каде го осудија чинот.

„Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето. Настанот е пријавен во полиција, извршен е увид и очекуваме сторителот да биде најден и против него да биде поднесена пријава. Апелираме за елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали”, велат од СВП.

Инаку, денеска се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, но од Фестивалот велат дека не сакаат да претпостават дека сторителите на чинот го сториле тоа намерно на овој ден.

Бистата привремено ќе биде отстранета за да се извршат потребните технички зафати за нејзино поцврсто фиксирање на постаментот за да се оневозможат ваквите вандалски чинови, информираа од СВП.

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе