Вакцинални мамки од авион за вакцинација на лисиците против беснило

Со авионско фрлање вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и Штип, со техничка и финансиска поддршка од Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило.

„Вредноста на подрршката од Унијата за оваа кампања изнесува околу 280 илјади евра со кои на целата територија на државата, со исклучок на населените места и водните површини, ќе бидат фрлени околу 500 илјади вакцинални мамки“, изјави директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, кој на спортскиот аеродром Стенковец, со Штефан Худолин, шеф на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија, ја промовираа пролетната кампања за авионско фрлање на мамки за вакцинација на лисиците против болеста беснило.

Бабовски се заблагодари на Унијата за поддршката за реализација на оваа кмапња за вакцинација на лисиците, како и за сите други проекти кои Агенцијата ги реализира со поддршка на ЕУ.

„Поаѓајќи од концептот „Едно здрваје", и за беснилото важи максимата „Здрави животни – здрави луѓе", а со тоа и безбедна и здрава економија и развој на општеството“, потенцираше Бабовски.

По завршување на вакцинацијата, рече тој, ќе спроведе контрола за проценка на успешноста и на оваа кампања, преку ловните друштва кои треба да извршат отстрел на одреден број лисици заради лабораториско докажување на успешноста на имунизацијата кај лисиците преку утврдување (присуство) на антитела и детекција на тетрациклин во забите.

„Дивите животни, особено лисиците се главни носители на вирусот на беснило. Домашните животни и човекот од оваа болест најчесто се заразуваат преку гризнување од заболени диви животни. Со цел да се искорени болеста кај дивите животни и да се спречи пренесувањето на домашните животни и човекот, Агенцијата за храна и ветеринарство почнувајќи од 2011 година спроведува програма за орална вакцинација на лисиците против беснило. Досега успешно се реализирани 15 вакцинални кампањи за што говори и фактот дека од 2012 година, кога е потврден последниот случај на беснило кај мачка во Радовишко, во земјава не се регистрирани нови случаи на болеста кај домашните животни“, објасни Бабовски.

Покрај вакциналните кампањи, за рано откривање и пријавување на болеста, додаде тој, спроведени се неколку кампањи за подигнување на јавната свест за беснилото, како да се препознае болеста, кога и каде да се пријави и како да се постапи во случај на ризичен контакт и слично. Реализирани се и едукации на стручните лица инволвирани во контролата на болеста ветеринари, официјални ветеринари, ловџии, матични доктори, епидемиолози и други.

„Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат и никако да не ги допираат вакциналните мамки кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Во нив е сместена пластична капсула во која се наоѓа вакцината во течна состојба. Доколку сепак се случи мамката да се допре со раце, задолжително да побараат лекарска помош. Ја користиме оваа прилика да ги потсетиме сопствениците на домашни миленици (кучиња и мачки) но и сопствениците на ловџиски и овчарски кучиња на обврската еднаш годиошно да ги вакцинираат животните против оваа болест како и на обврската за обележување на животните со микрочип како единствен начин за следење на нивната здравствена состојба“, рече Бабовски.

Тој исто така апелираше доколку постои сомнеж дека дека некое куче, мачка, или пак диво животно покажуваат знаци на беснило (агресивност, невообичаено однесување, губење страв од човек) тоа да го пријават до официјален ветеринар или кај матичниот ветеринар по што животното веднаш ќе биде ставено под официјален надзор. До нив граѓаните треба да пријават и доколку најдат угинато животно или животно удрено од возило. Тие ќе земат и испратат мостри за дијагностичко испитување за евентуална потврда на болеста беснило кај овие животни.

Според Штефан Худолин, шеф на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија, со оваа вакцинална кампања продолжуваат напорите на ЕУ за искоренување на болеста беснило од регионот, за што се неопходни координирани активности на земјите членки на Унијата, но и на останатите.

„И оваа кампања е поддржана од европските фондови во висина од околу 280 илјади евра. Досегашната поддршка на Унијата за изминатите вакцинални кампањи против беснило, почнувајќи од 2011 година, изнесува приближно 5 милиони евра. Со оглед на досегашната успешна реализација на изминатите вакцинални кампањи и во иднина ќе ја продолжиме поддршката на Република Северна Македонија преку фондовите на Унијата“, рече Худолин и објасни дека историјата на болста беснило во ЕУ датира од поодамна, но дека во изминативе десет години таа е ставена под контрола и сега е присутна само во одредени делови од Источна Европа.

„Во Западен Балкан вирусот е се уште присутен и претставува сериозна закана. Во 2020 година беше потврден случај на беснило во Босна и Херцеговина и затоа ќе продолжат регионалните активности за искоренување на болеста“, истакна Худолин.

Вања Кондратенко, раководител на Сектор за здравствена заштита и благосостојба на животните при АХВ, објасни дека беснилото е исклучително сериозна болест која е еднакво опасна и за животните и за луѓето и која за жал во најголемиот број случаи завршува со смретн исход. Поради ова, тој упати апел граѓаните да бидат исклучително внимателни при движење во природа и да внимаваат во комуникацијата со животните, особено со лисиците кои се приближуваат до населените места и кои не покажуваат страв од луѓето. За нив, како што истакна тој, со такво однесување, голема е веројатноста дека можат да бидат заболени од беснило. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе