УХМР

Утрово во цела Македонија температурите се под нулата

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Маврово каде што се измерени -16 степени Целзиусови степени, во Берово и Крушево -12, Крива Паланка -10, во Охрид 0 Прилеп – 9, Битола -8, Тетово, Штип и Виница -7, во Скопје, Демир Капија и Струмица -6, Дојран -3 и во Гевгелија -2 степена.

УХМР информира и дека на Попова Шапка има 65 сантиметри снег, во Крушево 63, а во Маврово снежната покривка е 51 сантиметра.

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе